Дали знаевте дека повеќе од третина Македонци имаат Facebook?
Редовната статистика за нашата омилена друштвена мрежа на SocialBakers покажува повеќе од 830 000 профили отворени во моментот на пишување на текстот.
Ако како дополнување на овие бројки се земе превид и зголеменото просечно време на сајтот, сосема оправдани се размислувањата дека Facebook си го заслужува местото како интегрален дел на маркетинг активностите.
Иако ефективноста и резултатите од учеството варираат во разни дејности, слободно може да се каже дека препорачливо e секој бизнис, организација и фаците од забавната индустрија да имаат отворено Facebook страница и да работат активно со неа.
Прашањето не е повеќе дали треба да сме присутни. Бројките заедно со фактот што вашата публика поминува големо време овде, го потврдуваат тоа. Сите знаат дека треба да се присутни овде, но тоа не е доволно.
Прво, треба да се почитува културата на мрежата за да може да создаде добро тло за ефикасен маркетинг и второ, учење на алатките за да започне да ја гради и води базата на фанови.
Токму тоа се прашањата кои сакам да ги одговорам со овој текст и ќе се обидам да ги опафатам поважните аспекти на една фан страница.
1.Плански приод. Успехот бара сериозен пристап. Луѓето имаат различни прични за да следат брендови (фирми и луѓе) на Интернет и е добро да се водиме од нив при креирањето на пораките. Оттука е неопходно формирање на една (главна) и други споредни цели е за може полесно да го насочуваме напорот . Ако се јасни целите, ќе се олесни и патот до саканата дестинација.
Одредете која е вашата главна цел: зголемување на посети кон страната, запознавање со понудата и индиректни посети во физичката продавница, јакнење на имиџот, подигнување свесност, информирање за новостите, градење на блиски односи со купувачите итн.
Целите се важни за фан страницата на Скопско, но и за таа на Ѓоко Таневски J
Дајте им причина на фановите да ве следат и да не ве игнорираат! Понудете интересна и забавна содржина
2. Ресурси и комуникација. Чести се размислувања дека маркетингот преку социјални медиуми е бесплатен, но во пракса е сосема спротивно.
Под ресурси мислам на делегирање на соодветен буџет за наредниот период кој ќе се потроши на Facebook огласи и/или наградни игри, времето поминато на работните задачи и осмислувањето на објавите. Тука најважно е да се постави вашиот амбасадор на брендот, лицето или повеќе лица кои ќе бидат одговорни за комуникацијата – вашиот Community Manager. Oва е личноста што ве претставува, ќе потикнува дискусија и интеракција и ќе ја гради перцепцијата и размислувањата на фановите за вашиот бренд онлајн. Затоа,внимавајте да одговори на некои критериуми!
3. Содржина. Содржината подразбира разбирање на сопствената публика. Како ќе ја привлечеме целната група да не следи? Што ќе се објавува?
Многу важно прашање кое треба да се одговори преку правилен Attention management.
Дали ќе одиме со забавни текстови, прашања кон фановите, видеа, албуми/фотографии (промотивни и user-generated), специјални понуди и попусти.. Треба ги согледате интересите на фановите и да им пласирате квалитетна содржина која ќе стимулира позитивни искуства со брендот и наклонетост кон него.
Некои успешни примери одат и со конкретни типови на објави/статуси по денови со што ги навикнуваат фановите за да овие знаат што може да очекуваат понатаму.
Бонус совет во склоп на ова: Креирајте екслузивна содржина само за фановите на Facebook. Нешто што на другите од надвор не им е достапно: попуст/купони и наградна игра само за нив, рекламата од најновиот спот да им биде само или барем најпрво на нив емитувана, видео конференција и сл.
4. Уредување на URL линкот. Наместо “несредена” адреса, може да го користите http://www.facebook.com/username/ за да си ја направите адресата на страницата подостапна и полесна за паметење. На пример http://facebook.com/ibrandmk
5. Welcome страница. Истражувањата покажаа дека страниците за добредојде на новите посетители имаат за 25-40% поголемо конвертирање во фанови наспроти по дифолт поставениот wall. Малку графика со мал повик за акција е инспирирачко за посетителите да кликнат Like.
(продолжува)





