Малку инфо:

За авторот

Ентузијаст за новите медиуми и нивната апликација. Активен истражувач на Интернет маркетинг трендови. Интернет маркетинг специјалист во CyberLink Media и сум Блогер на темата социјални медиуми. Следи ме на Твитер и Google+ и поврзи се со мене на LinkedIn.

“Ламинат” за Fan Page – Part 2

Продолжува од претходниот текст.

6. Интегрирање на Facebook Social Plugins на вашата веб страница. Доколку нема, вашиот веб сајт задолжително треба да добие копче Like и Fan box на кои Интернет корисниците веќе навикнаа. Интеграцијата е прилично едноставна и може да се користите со овој Link http://developers.facebook.com/docs/plugins/ каде ќе најдете и дополнителни опции на Facebook:Livestream, Activity Feed, Recommendations.

7. Наградни игри и специјални понуди/промоции. Наградни игри на Facebook има буквално секој ден и со тоа активно влијаат да ги навикнат купувачите да имаат зголемени барања. Ова е практика на “купување” на фановите и подигнување на свесноста на почетокот. За да доживее поголем успех треба да се понудат атрактивни награди за поширока публика, правилата за учество да бидат едноставни и играта да понуди забава.

8. Користење на Facebook апликации. Во последно време фан страниците се претворија во мини веб страни. Со промените од Март Facebook беше флексибилен и воведе iFrame. На овој начин речиси секаква содржина може да се вметне во постоечки таб, со користење на некоја апликација:Developer, iFrameWrapper, FacebookTabSite, Involver, TabPress..

9. Градење заедница. Она што значи “социјален медиум” е ориентација повеќе кон интеракција и комуникација, а помалку кон промоција. Квалитетната содржина ги организира фановите околу заеднички интереси и овозможува позитивните препораки преку word-of-mouse да патуваат брзо.

Пронајдете ги вистинските фанови на брендоти наградете ги соодветно! Стотина активни фанови вредат многу повеќе од неколку илијади кои се купни со награди или попусти.

Промовирање на page-от преку други средства. Линкови на личните профили на мрежата, E-mail пораките, бизнис картичките, брошурите, реклама во весници се добар “герилски” начин да се прикаже присуството и да привлечете некој кој не му текнало претходно да ве лајкне.

10.Facebook огласи. Огласите се одлично средство за промоција на актуелни настани и нова понуда или промоција. Може да бидат поставени дневни буџети по ваш џеб и со користење на два методи:плаќање по кликови– CTR (click-through) или по 1000 прикажувања CPM (cost per thousand views). Вториот метод се исплаќа да се практикува кога првиот ќе достигне високо ниво, односно има висок процент на кликови на огласите.

11.Мерење на резултатите. Бројот на фанови, одговорите, коментарите се само парцијално мерење на успехот. Но тоа е формулата според која Facebook го одредува EdgeRank score-от и можноста објавата/статусот да се најде на ѕидот на поголем број од фановите кои ве следат.

Затоа следете го Facebook Insights на вашата страница и дознајте кои возрасни групи ве следат, кои постови поминале најефективно, од кои сте изгубиле фанови и сл.

Одлична практика е водењето месечна анализа на типовите постови и нивните резултати во обичен Spreadsheet или со користење на Google Docs. Вака ќе согледате какви статуси и објави, во кој период објавени извлекуваат позитивен фидбек, а кои треба да бидат елиминирани.

Иако листата од 12 совети за Facebook маркетинг не е ексклузивна и има уште многу работи кои може да бидат додадени, јасно индицира дека бизнис успехот на оваа мрежа бара сериозен пристап, посветеност и ресурси во време и учење.

Правилата се направени и некогаш да бидат прекршени. Колку што вреди овој плански приод што го застапувам, исто толку е важно да се навикнеш на еден trial&error пристап со ескпериментирање. Се воведуваат нови алатки и промени секојдневно, но и креативноста заслужува да биде тестирана во оргомниот потенцијал на Facebook.

На Интернет ти си тоа што го објавуваш. Затоа, внимавајте на тоа вашиот Community manager да поседува комуникациски и добри човечки квалитети. Листата на 8 карактеристики на OutSpoken media е добар водич.

Нема да биде проблем да “маваме серии”.
Во наредни текстови ќе се задржиме подетално на одделни важни аспекти од Facebook маркетингот.

Нема коментари се уште.

Остави коментар