Малку инфо:

За авторот

Ентузијаст за новите медиуми и нивната апликација. Активен истражувач на Интернет маркетинг трендови. Интернет маркетинг специјалист во CyberLink Media и сум Блогер на темата социјални медиуми. Следи ме на Твитер и Google+ и поврзи се со мене на LinkedIn.

Квалитетната содржина е најдобар продавач

Сведоци сме на еден модерен натпревар за внимание.
Социјалниот веб го засилува концептот на его-систем. Нашите контакти и социјалните кругови одредуваат како, кога и каде наоѓаме корисни информации.
Вистинската информација во право време е вреден ресурс за оние кои ја поседуваат.
Гледано пак од страна на компаниите/брендовите ситуацијата е слична. Современиот купувач очекува брза достапност на информации, а во судирот со премногу информации во текот на еден ден, неговиот распон на внимание се повеќе се намалува. Ова нормално има реперкусии на тоа како маркетингот се менува во нова насока.

Ако сакате внимание, треба да го заработите

Техниките за кои се почесто зборуваат новите маркетери кои ги следам и читам во моментот, се насочени кон практикување на content marketing. Маркетингот преку содржина наједноставно кажано е

уметноста на комуникација со купувачите и потенцијалните клиенти без да “им се продава”. (Joe Pulizzi)

Ова е маркетинг техника на создавање и споделување релевантна и вредна содржина конзистентно кон одредена целна група купувачи, при што е потребен фокус на сите фази од купувачкиот процес од градење свесност за брендот до најпосакуваната фаза кога купувачите се промотори/адвокати/застапници на брендот и ја пренесуваат приказната (евангелизам со word-of-mouth).

Сите кои работат во Маркетинг и Продажба треба да препознаат дека најдобрите производи и маркетинг кампањи се изградени на квалитетна содржина.
И не само тоа..

Google обожава квалитена содржина

Ранкинг механизмот на пребарувачот најчесто во првите резултати ги прикажува сајтовите кои се авторитативни за дадената тема.
Приодот кон content marketing има предности и поради фактот дека со него ќе се одговори на различните фази од процесот на одлука за купување. Има истражувања кои кажуваат дека купувачите поминуваат 50 пати на сајтот пред да направат нарачка на производот или услугата. Во оваа категорија се препознав себеси кога пребарував информации за таблет и прегледав еден куп reviews пред да се одлучам.

Средства на content marketing програма

Можностите за содржина се големи. Написи на блог, видео канал на YouTube, e-mail маркетинг, Facebook страница со добро осмислени објави (најдобро распоредени по ден и рубрики), студии на случајб, вебинари..

90% од маркетерите во една студија неодамна, истакнуваат дека користат некаква (барем една) форма на сontent marketing. Во прилог следат најчесто користените средства за B2B (business to business) маркетинг од истражување на Junta42 и MarketingProfs:

via Content marketing Institute

Приодот за маркетирање преку квалитетна содржина не е нов и како што ќе видите подолу од видеото некои негови форми може да се забележат стотина години назад.. Најголемите марктинг експерти од профилот на Seth Godin веќе долго го застапуваат.

Moќта на приказните

Во силното конкурентно окружување, без план за добра содржина бизнисите се осудени на неуспеси.
Традиционалните маркетинг техники (ТВ, печат и надворешно рекламирање) не функционираат со истиот ефект како пред десетина години. Бомбардирани со информации, современиот купувач избира на кои работи ќе посвети внимание. Големите компании изградиле име преку добро смислени приказни и јаки емоции асоцирани со нивниот бренд. Денес можностите се ограничени со креативната способност со која располага тимот.

Маркетерите треба да започнат да размислуваат како уредниците, како најдобро да ги задоволат апетитите за информации на публиката или фановите на брендот за да им продадат вредност.

Tags: , ,

Нема коментари се уште.

Остави коментар